Тајзи

Тајзи го промовираше спотот за новата песна „Сувенир“ (ВИДЕО)

„Сувенир“ е новиот љубовен хит на Драган Величковски- Тајзи. Песната е авторско дело на Тајзи и Лазар Цветковски, а спотот е снимен во Офицерскиот дом во Битола, како и на уште неколку локации во градот. Во видеото режирано од Дарко Митев и Тајзи, покрај пејачот се појавуваат и македонските модели Патриција и Андреа.

„Животот е како партија шах, како и да ја изиграме на крајот и пионот и кралот завршуваат во истата кутија. На што ќе се сеќаваме на добрите или на лошите потези ?
Ни останува помалку да судиме и повеќе да уживаме во оваа игра наречена живот. Да не се труеме со омразата и пропагандата која ни се сервира. За такво нешто треба да се храниме со љубов. Да се љуби,да се верува и да се сака, вака безусловно како што јас ја сакам музиката. Токму тоа е темата на „Сувенир“- вели Тајзи за својата нова песна.

Во изминатиот период, како автор Тајзи беше вклучен во осум проекти, а покрај својата музика пишуваше и за други артисти како Антонија Гиговска, Тамара Тодевска и 2 Бона. За летниот период подготвува и нова авторска музика.

Прочитајте повеќе

Халк Еко Скопје Трча 10КМ

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Оваа недела (09.05.2024), ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10 км“ …