ЗНМ

Доделени новинарските награди од ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели новинарските награди на Соња Колевска-Делевска од СДК.мк за најдобра истражувачка сторија, на Јадранка Костова од Фокус за животно дело и на Убавка Јаневска и Данела Саздова од Дума.мк за известување на теми од локално и регионално значење.

Новинарската Соња Колевска-Делевска ја доби наградата „Јашар Еребара“ за нејзиниот серијал од текстови за младиот Тони Сали, лице без државјанство, кое минатата година почина откако цела деценија водеше битка за да добие матичен број и извод на родени.

Жирито информираше дека оваа година пристигнале 47 апликации за наградите што ги доделува ЗНМ, од кои 27 биле за наградата за истражувачко новинарство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …