Нови воздушни напади на Мариупол

Нови воздушни напади на Мариупол

Продолжуваат воздушните напади на пристанишниот град на Црното Море, Мариупол, соопштуваат градските власти во објава преку социјалната мрежа Телеграм.

Поради бомбардирањето, хуманитарниот конвој кој се обидувал да стигне до градот се вратил, се наведува во објава на социјалните мрежи од страна на потпретседателот на украинската Влада, пренесува Ројтерс.

Градот е мета на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана болница при што загина три лица, меѓи нив и едно дете, велат украинските власти.

Денска во телевизиско обраќање претседателот на Украина Володимир Зеленски, рече дека е лажно тврдењето на Русија дека во болницата немало пациенти.

„Како и секогаш, тие лажат самоуверено“, рече тој.

Хуманитарните агенции велат дека најитно е потребна хуманитарна помош во Мариупол, каде 400 илјади луѓе се заробени повеќе од една недела без храна, вода и струја.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …