Гранатирана станбена зграда во Киев

Гранатирана станбена зграда во Киев, има загинати

Русија гранатирала станбена зграда во Киев, а има и жртви, јавуваат украинските медиуми.

Украинската служба за итни случаи дојавата ја добила околу 5 часот по локално време утрово, а како што јавуваат медиумите зградата сè уште е во пламен.

Државната телевизија во Украина првично јави дека има најмалку еден загинат, но „Киев индипендент“, пренесува дека има најмалку две жртви и тројца повредени во ракетен напад. Истата информација ја објавиле и од службата за итни случаи. Оттаму споделија и фотографии кои покажуваат како чад се крева од гранатираната деветокатница, додека пожарникари се обидуваат да ги спасат жителите кои живееле таму.

Покрај станбената зграда, ракетиран и аеродромот „Антонов“ во Киев, јави Би-би-си. Тој е најважниот карго аеродром во Украина, но и клучна воена воздушна база. Овој аеродром беше цел на неколку напади од почетокот на руската инвазија.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …