Груевски

Камчев сведочеше дека за Груевски се чуваат три ексклузивни стана од 750 квадрати во замена за плацовите на Водно

Становите се во зградата Панорама резиденс. Тоа се три апартмани во квадратура од 750 метри квадрати кои не се под залог или под хипотека, се чуваат за примопредавање, рече бизнисменот Камчев.

Бизнисменот Орце Камчев попладнево во Основниот кривичен суд Скопје даваше одбрана во случајот „Плацови на Водно“, каде е обвинет и сведочеше за тоа кога тој и неговите фирми се вклучуваат во купувањето на атрактивното земјиште. Плацовите првично биле купени преку фирмата „Сирах инженринг“, која е фирма-ќерка на „Сирах лимитед“ од Белизе, а обвинителството тврди дека тоа се правело за да се скрие нивниот краен сопственик – експремиерот Никола Груевски, првообвинет во случајот.

Камчев во сведочењето кажа дека за двете фирми слушнал дури во 2015 година, исто како и за земјиштето на Водно односно откако излегле написи во весниците и почнале да се објавуваат бомби.

Извор: 360stepeni

Прочитајте повеќе

СДСМ

На Денот на македонскиот јазик со гордост велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јазик

Соопштение за јавност на СДСМ Со многу посветеност, труд и ентузијазам СДСМ ги исполни заложбите …