Денеска сонце, утре облаци, во недела дожд

Денеска сонце, утре облаци, во недела дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 25 степени Целзиусови.

Утре ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса, во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови. Дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …