Спомен куќата на Тоше

Крушево: 11 години од отворањето на спомен куќата „Тодор Проески“

Во духот на хуманоста и музиката, денеска се одбележа денот на отворање на спомен куќата „Тодор Проески“. Спомен куќата на Тоше денес е „Куќа на емоции“, затоа што овој објект е најголемото обележје на животот и делото на големата музичка ѕвезда.

На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и претседателот на Советот на општина Крушево, Андреј Николоски. Градоначалникот Христоски доби уникатно дело од авторката Снежана Лазарова ЛУНА, како дел од изложбата „Мојот и твојот непребол“.

Во рамки на манифестацијата беа доделени 5 ваучери на социјално загрозени семејства.

Спомен куќата на Тоше беше отворена во 2011-та година и е една од најпосетуваните музеи во државата.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …