Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе изнесува 34 степени, а УВ= 8.
Во следните денови ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите кои ќе се движат во интервалот од 30 до 39 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата.