СДСМ

СДСМ: Опожарувањето на возилото на пратеникот Ристески е криминален чин, институциите да го расчистат случајот

Соопштение за јавност на СДСМ

Од МВР и сите надлежни институции очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, а сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите.

СДСМ го осудува овој криминален чин, повикува на одговорност и очекува јавноста детално да биде информирана за причините, мотивите, како и за сторителите.

Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми, не е начин неосновано да се обвнува било кој, како што поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки тоа го прават.

Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување.

На потег се институциите.

Прочитајте повеќе

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

Во ек на предизборието, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд  Муслиу вели дека се остварува …