Зеленски

Зеленски ја обвини АИ дека се обидува да и даде амнестија на „терористичката“ Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски а ја обвини Амнести Интернешнл (АИ) за „обид да и даде амнестија на терористичка држава“ Русија, откако невладината организација го обвини Киев дека ги загрозува цивилите во војната со Москва. „АИ ја префрла одговорноста од агресорот врз жртвата“, рече тој. Претходно шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека е „огорчен“ од „неправедните“ обвинувања на невладината организација. Во извештајот објавен вчера по четиримесечна истрага, АИ ја обвини војската на Украина за поставување воени бази во училишта и болници и започнување напади од населени области, тактики за кои рече дека го прекршуваат меѓународното хуманитарно право.

„Агресијата врз нашата земја е неоправдана, инвазивна и терористичка. Ако некој напише извештај во кој некако се изедначуваат жртвата и агресорот, ако се анализираат некои податоци за жртвата, но се игнорираат делата на сторителите, тоа е неоправдано и не може да се толерира“, додаде Зеленски во видео изјава. Кулеб, од своја страна, ја обвини АИ за „создавање лажна рамнотежа на угнетувач и жртва, земја која уништува стотици и илјадници цивили, градови, територии и земја која очајно се брани“. „Престанете да ја создавате оваа лажна реалност, во која секој е донекаде виновен за нешто, и почнете систематски да ја презентирате вистината за она за што всушност Русија денес се залага“, додаде тој.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Хари Потер замок

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Зградата со необичниот прекар е дел од академијата за право на поранешниот пратеник Серхиј Кивалов, …