Известување за граѓаните од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“- Прилеп
Итната медицинска помош која беше сместена во просториите на старата болница, од вчера е преместена во дел од одделението за ургентна медицина.
Нашата цел како раководство на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност е да обезбедиме подобри услови и за пациентите кои би биле поблиску до болничките одделенија кога ќе побараат помош, но и за здравствениот персонал кој непречено во подобри услови ќе ја обавува својата работа.
Итната медицинска помош има за цел да ги мобилизира животно загрозените пациенти и при повик на 194 да му укаже по потреба помош и имобилизација и да ги транспортира до болницата за нивно понатамошно лекување.
Службата работи и на терен и во своите простории. Исто така се грижи и за пациентите во време на викенд и празници, кога матичните лекари не работат.
Покрај овој приоритет во работењето, Итната помош со своите тимови составени од лекар, медицинска сестра и возач обавуваат и други задачи, како покривање на јавни настани и сл.
Почитувани граѓани на Општина Прилеп и околината,
Повикајте го бројот 194 и дозволете ние да се погрижиме кога вашето здравје е загрозено, или кога сте во можност сами обратете се во просториите од страната кај Ургентното одделение, каде стручни екипи ќе извршат преглед, по потреба ќе направат одредена процедура за помош и ќе Ве упатат до соодветното одделение во болницата каде специјалистички тимови ќе го преземат понатамошното лекување.