Најмалку 10 лица загинаа во напад со нож во Канада

Најмалку 10 лица загинаа во напад со нож во Канада

Најмалку десет лица загинаа, а 15 се ранети во напади со нож на две места во канадската провинција Саскачеван, соопшти денеска полицијата и во блискиот град Велдон. Досега во болница биле примени 15 ранети.

Полицијата ги идентификувала двајцата напаѓачи и потрагата по нив е во тек. Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор. Бројот на жртвите би можел да е поголем оттаму што не се знае состојбата на повредените кои биле префрлени во различни медицински установи.

Канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер рече дека неговите мисли се со оние кои ги загубиле своите најблиски.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …