Талевски: ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на прилепчани, зголемени цените на комуналните услуги и јавниот превоз

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на прилепчани, зголемени цените на комуналните услуги и јавниот превоз

Прес-конференција на​ Миле​ Талевски, пратеник​ на СДСМ

Почитувани граѓани,

ВМРО тендерска ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните во време на најголема светска економска криза.

Градоначалникот Борче Јовчевски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ги поскапеа комуналните услуги за дури 67 %,​ јавниот превоз ​ за 50​ %​ и​ водата за 23 % во ек на криза.

Повеќе од 11 часа, советничката група на СДСМ и коалицијата се бореше за интересите на граѓаните, преку амандмани и барања за повлекување на точките го бранеше економскиот стандард на жителите на Прилеп.

Но ВМРО-ДПМНЕ со мнозинството во Советот донесе одлука комуналните услуги и јавниот превоз во Прилеп значително да поскапат.

Неспособноста на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно брцкале со рацете во медот, ги доведе јавните претпријатија до колапс.

Сега, таа неспособност треба да ја плаќаат граѓаните на Прилеп.

Никаква промена нема во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски не се грижи за граѓаните, туку важни ѝ се само интересите на одредени бизнис групи.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.

Прочитајте повеќе

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

Во ек на предизборието, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд  Муслиу вели дека се остварува …