Средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен

Средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Софија оствари средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.

На средбата се разговараше за актуелната енергетска криза при што претседателот Пендаровски изрази очекување за помош од Европската Комисија во контекст на европската солидарност во справувањето со кризата.

Соговорниците разговараа и за текот на скрининг процесот како важна фаза во пристапните преговори за членство во Европската Унија на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски истакна дека земјава е подготвена да ги направи потребните реформи во клучните области, како дел од пристапниот процес.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …