Владина делегација им оддаде почит на борците кои го ослободија Скопје на 13 ноември 1944 година

Владина делегација им оддаде почит на борците кои го ослободија Скопје на 13 ноември 1944 година

По повод одбележувањето на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, владина делегација составена од министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, им оддаде почит на загинатите борци кои придонесоа 13 Ноември да биде најзначаен датум во историјата на Скопје. Владините преставници се поклонија и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје”, плато пред Владата на Република Северна Македонија.

13 Ноември е денот кога се сеќаваме на херојството на борците кои се бореа за ослободување на Скопје. Нивните дела треба да бидат пример за нашите но и следните генерации кои доаѓаат. Да продолжиме да чекориме по патот на солидарноста и прогресот, а од Скопје да направиме модерна метропола.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …