Aмбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон реагираше за корупцијата

Aмбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон реагираше за корупцијата

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември, амбасадорот на Обединетото Кралство (ОК), Метју Лосон, изрази загриженост поради состојбата со корупцијата во земјава, но и порача дека може да се смета на поддршка од ОК во справувањето со коруцијата. „Апсолутно суштинско е справувањето со корупцијата“, порача Лосон во својот твит.

„Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека состојбата со корупцијата во Северна Македонија станува сѐ полоша, а не подобра. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Обединетото кралство ја поддржува Северна Македонија. Апсолутно суштинско е справувањето со корупцијата“, гласи твитот.

Претходно амбасадорката на САД, Анџела Агелер, исто така преку Твитер реагираше за темата корупција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …