Курти и Ескобар разговарале за ситуацијата на северот на Косово

Курти и Ескобар разговарале за ситуацијата на северот на Косово

Премиерот на Косово Албин Курти и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар разговараа за актуелната ситуација и неодамнешните случувања во Приштина, особено во северниот дел на Косово. Во соопштението е посочено дека на средбата било нагласено дека итно да се отстранат барикадите на патиштата. „На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија, за процесот на дијалог и за патот кон целосна нормализација на односите меѓу двете земји“, се наведува во соопштението. Претходно по средбата со Курти Ескобар во куса изјава за медиумите рече дека тоа е рутинска посета на Косово. „Немам коментар. Дел сум од рутински ангажман овде. Ние сме добри партнери и убаво е да останеме во постојана комуникација. Ќе имам повеќе да кажам подоцна, бидејќи ќе имаме уште неколку состаноци“, им рече тој на новинарите.

Вучиќ: Владата в четврток ќе донесе одлука за испраќање барање до Кфор

На средбите со претседателот и премиерот на Косово, Ескобар беше придружуван од американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер. Предвидено е денеска Ескобар да се сретне со лидерите на Демократската партија на Косово Мемљи Красниќи, Демократскиот сојуз на Косово Љумир Абџиќ и Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај. Посетата на Ескобар на Приштина доаѓа во време кога ситуацијата на северот на Косово е тензична и придружена со безбедносни инциденти. Инцидентите се случија при обидите на членовите на Централната изборна комисија да подготват локални избори во четири општини на северот на Косово – Лепосавиќ, Звечане, Северна Митровица и Зубин Поток.

Триесетдневен притвор за Дејан Пантиќ

Откако косовската полиција го уапси поранешниот припадник на полицијата, Дејан Пантиќ, под сомнение дека е вмешан во напади врз службеници на Централната изборна комисија на северот на Косово и врз полицијата, на патиштата кон премините Јариње и Брњак беа поставени барикади. Вонредните локални избори беа распишани затоа што градоначалниците и другите српски претставници ги напуштија своите позиции на почетокот на ноември во знак на протест поради одлуката на косовската влада да не дозволи автомобили со српски регистарски таблички, а беа одложени по серијата инциденти.

Прочитајте повеќе

Хрватска: ХДЗ е победник - следува постизборна математика

Хрватска: ХДЗ е победник – следува постизборна математика

Формирањето влада нема да биде едноставно: според привремените изборни резултати, ХДЗ е на прво место …