(Видео) Премиерот Ковачевски на театарска претстава во изведба на деца од семејства од социјално ранливи категории

(Видео) Премиерот Ковачевски на театарска претстава во изведба на деца од семејства од социјално ранливи категории

Денеска во Театарот за деца и младинци во Скопје, премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и претставничка од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија присуствуваа на претставата „Писмо за Дедо Мраз” во изведба на детското драмско студио Неверленд.

На претставата присуствуваа и деца од Центрите за лица со попреченост од целата држава, од згрижувачки семејства, Дневните центри и деца од социјално ранливи категории семејства.

По завршувањето на претставата, премиерот и министерките заедно со Дедо Мраз на сите присутни деца им поделија новогодишни пакетчиња.

Целта на овој настан е да се подигне свеста за децата со попреченост и децата од семејства на социјално ранливи категории, како и да се подигне предновогодишниот дух на оваа група на дечиња.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …