Екс градоначалникот Талески почна со издржување на затворска казна

Екс градоначалникот Талески почна со издржување на затворска казна

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески започна со издржување на затворска казна за случајот „Транспортер“. Тој синоќа бил спроведен во затворот во Прилеп. Талески помина три години во домашен притвор, а во меѓувреме земаше плата од Битолскиот народен театар каде е вработен како актер.

Случајот за кој е осуден тој и уште 20 лица се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра. Поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) го отвори овој случај во април 2016, додека Талески беше градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелациониот суд во Скопје на 28 декември му ја намали казната од осум на седум години затвор, па на Талески му остануваа уште четири години за одлежување.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …