Администрацијата ќе добива К-15, дневници за превоз, трошоци за ноќевања и други бенефиции

Администрацијата ќе добива К-15, дневници за превоз, трошоци за ноќевања и други бенефиции

Владата на вчерашната шеста седница го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.

„Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право, се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите,“ се вели во соопштението на Владата.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …