Актуелната политичка ситуација – ризик од наплив на лажни вести и говор на омраза

Актуелната политичка ситуација – ризик од наплив на лажни вести и говор на омраза

Новонастанатата политичка ситуација во земјава, пред се застојот во евроинтеграциите и предизборниот период се нов ризик за медиумите.

Експертите од областа предвидуваат дека се заканува нова опасност за слободата на изразувањето и независноста на медиумите во Северна Македонија. По овој повод Здружението на новинари на Македонија минатата недела оствари средба со амбасадорот на Франција во земјава Кристијан Тимоние.

„Се мобилизираат“ и другите инволвирани по ова прашање едногласно делејќи го ставот дека новите медиуми и слободатата на изразување која ја наметнаа тие се плодна почва за говор на омраза, дезинформации, спинови…а во текот на предиизборната кампања ситуацијата се повеќе ќе се влошува. Редовен проблем кај нас е и исполитизираноста на општеството и недостигот на аналитичност и критичност кај публиката.

 Политичарите да се спротивстават на медимуте со низок интегритет

„Лажните вести актуелно се глобален проблем, не само кај нас. Секако дека политичките случувања се главни теми и околу овие состојби: не добивањето на датум, француската политика во однос на нас, разните политички прегрупирања, новиот датум за избори, ќе има лажни вести, дезинформации и спинувања.“ – смета професорката Јасна Бачовска Недиќ, која е в.д. раководител на новинарските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Таа смета дека политичките елити треба да покажат поголем степен на општествена одговорност и демократски капацитет во смисла да се оградуваат и да не подржуваат медиуми со низок интегритет, како и континуирано информирање базирано на вистина и одговорност.

Актуелната политичка ситуација – ризик од наплив на лажни вести и говор на омраза„Исто така треба да се работи на медиуми и новинарство со висок интегритет. Високиот степен на исполитизираност на македонското општество е дополнителен проблем. Публиката не е аналитична и критична. На пример со едноставна анализа на утринските емисии кај граѓаните гледачу можеме да видиме повеќе емоции, хистерија отколку рационални и аргументирани проценки, изјави, тврдења.- констатира Бачовска Недиќ.

Дали има транспарентност во сопствеништвото, адреса, импресум…

Катарина Синадиновска претседателка на Советот за етика во медиумите смета дека пропагандата и лажните вести најмногу се присутни на Интернет.

-Секогаш кога има големи политички потреси се разбира дека центрите на пропаганда работат со полна пареа и оттука и тоа како се очекува наплив на лажни вести во периодот што следува. Лажните вести не ги шират само медиумите – продолжени раце на овие центри, туку како што Актуелната политичка ситуација – ризик од наплив на лажни вести и говор на омразагледаме честопати и самите политичари. Граѓаните треба да бидат внимателни, секогаш со резерва да земаат скандалозни и сензационалистички наслови, да проверат неколку извори, односно истата вест да ја прочитаат на различни медиуми и апсолутно да погледнат за каков тип на медиум се работи, дали има транспарентност во сопствеништвото, адреса, импресум… Во оваа насока многу ќе помогне Регистарот на професионални онлајн медиуми што СЕММ го подготвува заедно со ЗНМ, оти како што сведочиме најголем дел од лажните вести и пропагандата се врши токму на интернет. – вели Синадиновска.

Лажните вести носат конфликти меѓу „обичните граѓани“

Лажните вести ќе се продуцираат во се поголем број, смета новинарот Зоран Милошески, констатирајќи дека има медиуми кои во континуитет ја разработуваат шемата за мнипулирање со вистината.

Актуелната политичка ситуација – ризик од наплив на лажни вести и говор на омраза„Домашниот медиумски простор подолго време веќе е “инфициран“ со лажни вести, така што новонастанатата политичка ситуација само ќе го интензивира нивното продуцирање. Притоа, најчесто станува збор за едни те исти медиуми блиски до опозицијата, кои во континуитет произведуваат и лиферуваат лажни вести, кои пак понатаму се шират според добро осмислена и разработена шема. Како што ќе се развива изборниот процес, пред сѐ изборната кампања, така тие ќе добиваат на тежина, односно манипулирањето и извртувањето на вистината ќе биде поголемо. Она што според мене е пострашно, е дека освен што ќе ѝ нанесат штета на строго дефинираната целна група, односно политички субјект, постои реална опасност лажните вести да бидат повод за сериозни конфликти помеѓу “обичните“ граѓани. Бидејќи во својата основа, во завиткана форма, тие го имаат говорот на омраза. Од тие причини, очекувам новинарските здруженија да понудат решение за справување со овој, ни малку наивен, тренд на продуцирање лажни вести.“ – смета Милошески.

Текстот е превземен од СТАНДАРД.МК

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …