Алек ТераНова за предметот „Плацеви на Водно“: Груевски ги криел становите преку фирма на неговата секретарка

Алек ТераНова за предметот „Плацеви на Водно“: Груевски ги криел становите преку фирма на неговата секретарка

Александар Ивановски како сведок на Обвинителството на денешното судско рочиште и откри дека всушност тој случајно ги нашол и му ги открил “Плацевите на Водно” на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и му посредувал за купување како на добар пријател.

Потписот на Ивановски стои на полномошното за отворање на фирмата “Сирах инженеринг”, фирма ќерка на кипарска офшор компанија којашто ги купи спорните плацеви. Според обвинението, фирмата ги купила двете контровезрни парцели од 11.000 квадратни метри на Водно, за екс- премиерот Никола Груевски, а парите биле од партиски донации на ВМРО-ДПМНЕ. Управител на фирмата е Ристо Новачевски, кумот на Груевски, кој исто така е обвинет во случајот.

Поранешниот премиер кој е осуден во случајот со набавката на мерцедес, но избега и доби азил во Унгарија, контактирал со Ивановски откако бизнисменот познат како Алек Теранова бил повикан како сведок во случајот. Груевски за овој предмет го барал во октомври, ноември 2020та година.

Никола Груевски од унгарски број го барал Ивановски и претходно кога се интересирал за стан во Центар во којшто ќе може да живеат неговата сопруга и децата.

-Во 2018 година по неговото  бегство, добив порака од унгарски телефонски број и Груевски ме прашуваше дали имам станови во Центар во Скопје за неговата сопруга. Му кажав дека немам станови во Центар, туку имам во градба станови само во Аеродром коишто ќе бидат готови во 2020 година, сведочеше Ивановски-Алек Теранова..

Ивановски во сведочењето рече и дека преку својата секретарка основал фирма којашто ги купила и становите околу домот на Груевски за да не бидат на негово име. Становите подоцна со договори се изнајмени на Груевски краток перидо пред да избега во Будимпешта.

Во случајот „Плацеви на Водно“ обвинети се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, Ненад Јосифовиќ и Ристо Новачевски.

Извор: ТВ Телма

Прочитајте повеќе

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Архивата е преполна со предмети, а реновираните простории имаат поглед кон цело Скопје, како симболично …