парно

БЕГ ќе може порано да испорачува топлина за корисниците, радијаторите ќе се загреваат од 3 часот наутро

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем, информираат од РКЕ.

„На стартот на грејната сезона, БЕГ во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на живеење. Пропишаната температура од 6 до 22 часот е загарантирана, а сметките ќе останат исти“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Новиот оптимизиран режим на испорака на топлинска енергија ќе придонесе за намалување на осцилацијата на внатрешните температури во објектите. Количината на потребната топлинска енергија ќе остане непроменета, бидејќи со зголемувањето на времето на испорака ќе се намали ангажираната моќност на објектите од страна на БЕГ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …