Македонија ЗОИ 2022

Ана Цветановска на 95-то место на ЗОИ во Пекинг на крос кантри трката на 10 километри

На Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, македонската натпреварувачка Ана Цветановска го освои 95-тото место во конкуренција на 98 спортисти во трката крос кантри на 10 километри, информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Со оваа трка, Ана Цветановска го заокружи своето учество на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Таа на натпреварувањето во крос-кантри на 10 километри постигна резултат од 39:57.7.

Инаку, македонската спортистка не настапи на трката на скијатлон 7.5+7.5 километри поради одлуката на Меѓународната скијачка федерација само лимитиран број на нордијки да настапат во оваа дисциплина, при што претставничката на нашата земја не беше меѓу нив.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Аргентина–Англија: Фудбал, војна и „Божјата рака"

Аргентина–Англија: Фудбал, војна и „Божјата рака”

Секој што во Аргентина има потреба од потсетување на аргентинско-британската историја, во моментов може да …