Во изборот на најдобри велосипедисти за минатата година, бројни признанија за членовите на прилепски „Скај рајдерс бајк“

Во изборот на најдобри велосипедисти за минатата година, бројни признанија за членовите на прилепски „Скај рајдерс бајк“

На вчерашното прогласување на најдобрите велосипедисти за 2023, кое во организација на Велосипедската федерација на Македонија се одржа во конференциската сала на Олимпискиот комитет во Скопје, високи признанија добија прилепските велосипедисти од ВК „Скај рајдерс бајк“.

Во дисциплината „даунхил“, првото место во сениорска конкуренција му припадна на велосипедистот на „Скај рајдерс бајк“, Александар Стојкоски. Кај јуниорите, во истата дисциплина, за најдобар велосипедист беше прогласен Стефан Јосифоски, а неговиот клупски колега Стефан Јошески, беше третопласиран.

Во екипна конкуренција, ВК „Скај рајдерс бајк“ од Прилеп го зазеде одличното второ место.

Прилепскиот велосипедски клуб „Скај рајдерс бајк“ постои десетина години и во тој период има организирано 8 меѓународни натпревари, меѓу кои и 4 државни првенства. Од клубот потенцираат дека освоените награди и признанија ќе бидат мотив повеќе за промоција на овој спорт и за постигнување уште подобри резултати во меѓународни рамки.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …