Антикорупциска со прекршочна постапка за поранешни членови на СЈО кои не пријавиле високи приходи

Антикорупциска со прекршочна постапка за поранешни членови на СЈО кои не пријавиле високи приходи

Државната комисија за спречување на корупцијата, ДКСК, ќе поведе прекршочна постапка против десет поранешни обвинители од СЈО, меѓу кои први на списокот се Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска и Лиле Стефанова, затоа што во континуитет примале високи дополнителни приходи, поголеми од 20 просечни плати, а тоа не го пријавиле во анкетните листови.

„Согласно годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК, предмет на проверка се анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО. Во постапката за утврдување на фактичката состојба ДКСК прибави податоци од Министерството за финансии, од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба, со што постапиле спротивно со член 85 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, соопшти ДКСК.

Врз база на добиени сознанија од медиумите, за значителен прилив на странска и домашна помош (донации) за времетраењето на вонредната состојба, ДКСК одлучи да преземе конкретни дејствија во насока на прибирање на релевантни информации за начинот на кој се користи доделената странска и домашна помош.
Исто така, Комисијата информира дека продолжува по нејзиното постапување по предмет оформен по пријава со наводни за сомневање за незаконски постапувања на поглаварот на Исламската верска заедница.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …