Aпелација ги потврди казните за убијците на Денис Тот

Aпелација ги потврди казните за убијците на Денис Тот

Делумно уважени се жалбите на осудените Клементина Лефковска и Андреј Костовски

Скопскиот Апелациски суд ја одби жалбата на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот како неоснована. Тоа ќе значи дека тој ќе треба да издржи казна затвор во траење од 18 години. Делумно уважени се жалбите на осудените Клементина Лефковска и Андреј Костовски.

Убијците на Денис Тот добија вкупно 52 години затворска казна. По 18 години затворска казна добија Анџело Ѓоргиевски и Клементина Левковска, а 16 години затворска казна доби Андреј Костовски.

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи тројцата обвинети за виновни за убиството на ракометарот кое се случи на 7 април минатата година пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Градскиот парк во Скопје.

Обвинетите се и задолжени на мајката на починатиот Денис Тот да ѝ исплатат четири милиони денари. Исто толку пари ќе треба да му исплатат и на неговиот татко, додека на неговиот брат треба да му исплатат три милиони денари.

Прочитајте повеќе

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Според анализите се очекува отворањето на супермаркетите „Конад“ да придонесе во отворање на нови работни …