Мијалков

Апелација ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април, кога делото на Мијалков веќе ќе биде застарено

Апелацискиот суд во Скопје на денешната јавна седница за случајот „Титаник 2“ ја одложи седницата за 13 април, шест дена откако застарува делото на обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков.

Апелацискиот суд во Скопје денеска ја одложи седницата за случајот „Титаник 2“ за на 13 април, шест дена откако застарува делото на обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков. Со ова практично Мијалков повеќе не може да биде гонет за овој случај.

На денешната седница присутни биле само адвокатите, Мијалков кој бил спроведен од затворот во Струга и Бедредин Ибраими кој рекол дека не добил покана, но дошол по допрен глас. Останатите обвинети не биле уредно поканети. Од тие причини, судијата Ѓоко Ристов, претседател на советот, го презакажал судењето за 13 април.

За кривичното дело за кое се гони Мијалков, „примање награда за противзаконито влијание” (односно обвинителството го гони за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година), апсолутна застареност настапува за 10 години. Ова не важи за останатите обвинети во случајот, кои се гонат за друго кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Станува збор за пратеникот и претседател на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.

Тие добија двегодишни затворски казни откако беа прогласени за виновни поради договарање да гласаат за поништување на резултатите од локалните избори во 2013 година на неколку избирачки места во Струмица каде победи опозициската СДСМ и нивниот кандидат Зоран Заев.

За овој случај пет години не беше донесена правосилна пресуда. Судењето започна во април 2018 година. Обвинетите беа осудени во март 2019 година, но Апелација во декември 2019 година ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.

Втората пресуда за „Титаник 2″ беше донесена на 23 јануари оваа година кога Мијалков доби двегодишна затворска казна, а Апелација закажа јавна седница по жалбите на пресудата, која денеска ја одложи, а со тоа практично Мијалков се спаси од издржување на затворската казна.

Пред неколку дена Апелацискиот суд донесе пресуда и за случајот „Плацови на Водно“, со која ексдиректорот на УБК беше ослободен од затвор и доби условна казна.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …