Бајден

Бајден: Путин нема поим што го чека

Во својот прв говор за состојбата на нацијата, американскиот претседател Џо Бајден упати остри предупредувања до рускиот претседател Путин.

Пораката што американскиот претседател Џо Бајден му ја упати на рускиот претседател Владимир Путин беше јасна: Слободата секогаш ќе победи над тиранијата, рече Бајден на почетокот на својот прв говор за состојбата на нацијата пред двата дома на Конгресот во Вашингтон.

Бајден ја пофали подготвеноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот народ за одбрана и ѝ вети на Украина поддршка од страна на САД.

„Путин е изолиран“

Истовремено, американскиот претседател ги бранеше санкциите воведени против Москва и најави дека притисокот врз земјата ќе се зголемува. Во насока на рускиот претседател рече: „Тој нема поим што го чека.“ Дури и ако Русија напредува на бојното поле, Путин долгорочно ќе плати „висока цена“, изјави Бајден: „Во нашата историја ја научивме оваа лекција: кога диктаторите ќе навлезат во една земја, тие мора да платат за тоа“. Затоа, како што рече тој, НАТО е основан по Втората светска војна – за да гарантира „мир и безбедност во Европа“.

БајденАмериканскиот претседател Бајден ги бранеше санкциите воведени против Москва и најави дека притисокот врз земјата ќе се зголемува

Американскиот претседател ја истакна обединетоста на Западот против Москва. Рускиот претседател мислеше дека ќе го подели Западот и дека НАТО нема да реагира, но се пресмета, потенцираше Бајден. „Ние бевме подготвени. Путиновата војна беше со намера и без основа“, опомена тој.

Путин во меѓувреме е поизолиран од светот отколку кога било досега, нагласи американскиот претседател додавајќи: „Кога ќе се пишува историја за оваа ера, Путиновата војна против Украина ќе ја направи Русија послаба, а остатокот од светот појак.“

Истовремено тој даде уверување дека САД нема да испраќаат свои трупи во Украина.

САД го затвораат воздушниот простор за руски авиони

Американскиот претседател најави натамошни санкции против Русија поради инвазијата на Украина. САД го затвораат својот воздушен простор за руски авиони. Со тоа американската влада ги следи ЕУ и Канада, кои веќе забранија прелет, полетување и слетување на руски авиони од своја територија.

– повеќеВојна во Украина: Стариот поредок во урнатини

Во внатрешнополитичкиот дел од говорот за состојбата на нацијата, американскиот претседател рече дека негов највисок приоритет е борбата против високата инфлација, која изнесува 7,5%. Освен тоа, тој се заложи за заострување на законите за оружје. Претседателот се осврна и на пандемијата и оцени дека работите сега напредуваат. Бранот на Омикрон ги погоди САД во декември, а во меѓувреме бројките на заразени се многу намалени.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …