влада

Владата ја одржува редовната 19 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 19-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за задолженијата за надлежните институции по мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

За разгледување, најавена е и Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025, со Акциски план за нејзина имплементација.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …