Бензинска станица

Бензинот поевтин, дизелот поскап за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03 % во однос на одлуката од 19.6.2023 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 0,50 денари/л, а малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,022 денари/кг и сега ќе изнесува 41,007 денар/кг.

Од 27.6.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 денари/литар
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 денара/литар
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 71,00 денар/литар
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 денари/литар
Мазут М-1 НС – 41,007 денар/килограм

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …