Битола: Посебно признание за хуманиот тренер кој работи со децата со посебни потреби

Битола: Посебно признание за хуманиот тренер кој работи со децата со посебни потреби

На годинешното доделување на наградите за најдобри спортисти за 2018 година, Сојузот на спортови му додели посебно признание на тренерот Мико Голубовиќ,  за одржување на тренинзи за кошарка на децата со посебни потреби. Децата посебно се израдуваа на ова признание за нивниот тренер и посакаа заеднички да го споделат успехот.

Секој вторник и четврток, од 17.30-18.30 часот во спортската сала на О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, децата со посебни потреби изведуваат спортски активности, но пред се и се дружат заедно.

На овие деца, спортските активности, од кои најмногу е застапена кошарката, под водство на тренерот Мико Голубовиќ, им носат радост веќе неколку месеци и децата со нетрпение чекаат да дојде следниот час.

Иницијативата за спортските активности на децата со посебни потреби беше поддржана од локалната самоуправа, која ги обезбеди средствата за да може два пати неделно да се одржуваат часовите. Спортските активности се наменети за сите деца со посебни потреби, без разлика на возраста, а секој следен час нивниот број се повеќе расте.

Ова е уште една од низата заложби на локалната самоуправа за вклучување и социјализација на децата со посебни потреби, а Сојузот на спортови ја препозна оваа хумана активност и го награди тренерот со плакета.

Вакви признанија во вид на плакети им беа доделени на битолчани кои дадоа придонес во развој на спортот во градот.

Прочитајте повеќе

Богородица пожар

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се …