БИТОЛА: ЗАВРШЕНА ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“ И КРАК ОД „РАШТАНЕЦ“

БИТОЛА: ЗАВРШЕНА ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“ И КРАК ОД „РАШТАНЕЦ“

Со поставувањето на асфалт завршува реконструкцијата на првата делница од реконструкцијата на улицата „Илинденска“ во должина 200 метри, покрај Еврејските гробишта.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска изврши увид во теренските активности, а од страна на изведувачите и надлежните лица од општината за овој проект, беше информирана дека асфалтирањето ќе биде изведувано по делници, онака како што се комплетираат сите активности.

Целосната конструкција на улицата „Илинденска“ во Битола во должина од 2131 метар е инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, од кои 530.000 евра општински средства.  ЈКП „Водовод“ е задолжен за изведба водоводните приклучоци во висина од 3,6 милиони денари, КЈП „Нискоградба“ за канализационите приклучоци во вредност од 6,9 милиони денари, додека коловозот е во висина од 22 милиони денари.

За реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа, Министерството за транспорт и врски одвои околу 415.000 евра.

Истовремено, се работи и во друг дел од градот.

„30 години ниту некој дошол да не посети, ниту имал слух за нашите проблеми. Конечно, по толку време и до нашите домови ќе газиме како луѓе, а нашите деца ќе се движат без кал на нозете“, коментираа дел од жителите на крак од улицата „Рашанец“ каде што во моментов се работи на поставување на бехатон плочки, при средбата со градоначалничката Петровска.

Од своја страната, таа истакна дека ветеното го исполнува, но дека не може се во градот да се реши наеднаш и побара населението да има трпение, бидејќи паралелно се работи во повеќе населби во градот, на решавање на инфраструктурни проекти.

На овој потег, каде што се наоѓаат околу 25 куќи, во должина од над 160 метри, со површина од 370 метри квадратни, на несоодветен терен на кој досега не можеше ниту возило на брза помош да дојде, за прв пат се санираат приодните пристапи до домовите.

Градоначалничката Петровска, која изврши увид во градежните работи, разговараше и со изведувачот, за начинот и динамиката на изведба и за проблемите при реализацијата на овој стрмен дел.

Прочитајте повеќе

ФР: Поместување надесно во Северна Македонија-ЕУ е соучесник

ФР: Поместување надесно во Северна Македонија-ЕУ е соучесник

Со победата на националпопулистите во Северна Македонија поверојатно е зголемување отколку намалување на тензиите во …