сара мејс Sarah Mace

Божиќен подарок: Празнична плејлиста од Sarah Mace & The Christmas Girls

На крајот од месец декември, Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска, на своите фанови им подарија разигран новогодишен подарок во форма на видео запис од новата изведба на светски познатиот хит, „Santa Claus is Coming to Town“.

На почетокот на 2022 година, во склоп на нивниот заеднички новогодишен проект, „A Cappella Christmas Carols“, Sarah Mace & the Christmas Girls за сите вљубеници во зимските мелодии, ги претставија сите 8 а капела преработки на познати новогодишни и божиќни песни, кои што се снимени во македонското студио „Алшар“.

Празничната плејлиста ја сочинуваат, „Santa Claus is Coming to Town“, „Jingle Bells“, „Deck the Halls“, „I’ll be Home for Christmas“, како и „Елко Елко“, „Joy to the World“, „Среќна Нова Година“, „The First Noel“.

Целосната празнична видео плејлиста на Sarah Mace & The Christmas Girls со сите 8 песни e достапна на следниот YouTube линк:
https://youtube.com/playlist?list=PLGGvZUtcyrA8TkmWnkH1uCIhSOmicPLOV

Прочитајте повеќе

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

„Домаќинство за почетници“ може да се погледне на 19ти и 20ти јули во Кинотеката на …