ракетираниот трговски центар во Украина

Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати

Бројката на загинати во рускиот ракетен напад на трговски центар во украинскиот град Кременчук вчера попладне, рано утрово се искачи на 18 загинати, и 59 повредени, од кои 25 се пренесени во болница, објави Укриформ. Сè уште се трага по 36 лица што се водат како исчезнати. При нападот, во трговскиот центар имало околу 1.00 цивили.

Во текот на целата ноќ спасувачите работеа на расчистување на кршот и пронаоѓање преживеани, бидејќи уште најмалку 36 лица за кои се знае дека биле во трговскиот центар се водат како исчезнати. Во моментот, во урнатините работат 440 спасувачи, од кои 14 се психолози.

Според командата на Воено-воздухопловните сили на Украина, станува збор за напад со ракета Кх-22, испукана од воен бомбардер со голем домет.

Градот Кременчук, кој се наоѓа на отприлика 130 километри од територијата под окупација на Русите, беше цел на руските ракети и во април и пред 10 дена, кога беше погодена рафинеријата за нафта. Во вчерашниот случај, беше директно погоден цивилен објект.

Нападот на трговскиот центар во Кременчук беше остро осуден од највидните светски државници.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел порача оти ЕУ остро го осудува нападот.

„Ова е уште еден грозоморен чин во серијата напади на цивили и цивилна инфраструктура од Руските вооружени сили, вклучувајќи ги и неодамнешните напади на цивилни згради и инфраструктура во Кијив и други региони.Русија сноси целосна одговорност за овие чинови на агресија и сето уништување и загуба на човечки животи што ги предизвикува. Ќе сноси одговорност за тоа“, се вели во пораката на Борел.

Претседателот на САД, Џо Бајден исто така го осуди нападот во Кременчук.

 

„Рускиот напад на цивили во трговски центар е суров. Стоиме во солидарност со украинскиот народ. Како што беше потврдено на самитот на Г7, САД заедно со нашите сојузници и партнери ќе продолжи да ја смета Русија одговорна за ваквите злосторства и да ја поддржува одбраната на Украина“, напиша Бајден на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот на трговскиот центар во Кременчук ја нарече Русија „најголемата терористичка организација на светот и “ја повика меѓународната заедница да „го сопре рускиот терор.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Сирија: Падот на Асад - помалку тензии на Блискиот Исток?

Сирија: Падот на Асад – помалку тензии на Блискиот Исток?

Додека Сиријците ширум светот го слават падот на режимот на Башар ал Асад, експертите анализираат …