Денес беше спроведена координирана акција во КПД Штип. Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО.
При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи. Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ,ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност. Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави.