Бугарија загрижена поради споредбите на нејзината политика со руската

Бугарија загрижена поради споредбите на нејзината политика со руската

Бугарското министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост поради, како што тврди, потикнувањето на антибугарското расположение во Македонија со споредување на Бугарија со Русија. Во нивното соопштение објавено на веб страницата е наведено дека се загрижени за „злонамерната кампања, провокативните и злонамерни антибугарски коментари од македонски политичари.

„Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека ваквите цинични предлози мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на таков арогантен и непринципиелен начин“ се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи е загрижено за евентуалното негативно влијание на ваквата кампања врз позитивните трендови на политичкиот дијалог во последните месеци.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …