Бугарски експерт за катастрофата на „Струма“: Автопатот и заштитната ограда не се според бараните стандарди

Бугарскиот инженер и експерт за патна инфраструктура Јонко Иванов во интервју за Дојче веле ги објаснува можните причини за катастрофалната несреќа во која загинаа 46 патници.

Лошо проектираниот автопат во Бугарија и брзината со која се движел автобусот на „Беса Транс“ се можните причини за трагедијата во која загинаа 46 патници, вели за ДВ, Јонко Иванов, претседател на Сојузот на наставници по авто-мото обука на Бугарија.

Според инженерот кој има 40 годишно искуство во областа на патничкиот транспорт, „предуслов за вакви тешки сообраќајни несреќи секогаш е некој инцидент во синџирот ‘пат-автомобил-возач'”.

„Причините веројатно се во сите три отсечки. Прво, овој пат е проектиран во 2002-2004 година според стари правила кои се сменија пред 2 години. Имено: тие стрмни падини, тие свиоци, прекумерното пропаѓање на патот на одредени места, па стрмното искачување… Сето тоа не е компатибилно со барањата за автопат или магистрален пат. Едноставно не смее да има таков приклучен пат бидејќи може да го доведе во заблуда возачот на автобусот. Возачот може да се збуни околу тоа кој е главниот пат или по која лента треба да се движи“, вели Иванов.

За 4 часа поминати 350 километри

Втората можна или дополнителна причина би можела да биде неприлагодената брзина на автобусот.

„За околу 4 часа поминати се 350 километри од влезот во Бугарија. И ова сугерира дека брзината можеби била малку поголема, бидејќи имало и пауза од околу половина час на бензинска станица. А да се поминат 350 километри за три часа, при тоа знаејќи дека не може секаде да се вози со 100 километри на час… тоа значи дека, како што често се прави, таканаречените технички ограничувачи на брзината се отстранети за автобусот или камионот да може да развие брзина поголема од 90 или 100 километри на час. Треба да ни биде јасно дека ова не е магистрален пат. Ова е автопат каде што има ограничување на брзината од 120 километри на час“, вели Иванов.

Bulgarien | Busunfall

„Така како што беше дизајниран овој пат своевремено, заштитните огради имаат недоволна носивост и недоволна висина“, вели Иванов

Притоа, експертот ја издвојува и заштитната ограда на автопатот како можна причина за трагедијата.

„Така како што беше дизајниран овој пат своевремено, заштитните огради имаат недоволна носивост и недоволна висина. Што категорично говори за едно: при погрешен влез во свиокот, во десниот свиок, заштитната ограда се згмечува. Доколку заштитната ограда беше според новите стандарди, двојна, со височина од околу еден метар, тогаш автобусот можеше само да се излизга, а не да се забие во заштитната ограда како копје. Исто така, имајте на ум дека со овој дожд и инертниот материјал кој се проширил на коловозот (прашина, малку песок), тој станува многу лизгав пат, што создава услови за лизгање на автобусот. Но, за она што се случи можеби има и друго објаснување: дека имало здравствен проблем со возачот на автобусот, срцев удар или нешто друго.”

Иванов, кој има 40 годишно искуство во оваа област, вели дека овој автопат не е единствениот во Бугарија, каде што демнат такви опасности.

„Не, патиштата во Бугарија се многу лоши. На скалата на европските ревизори, ние сме на последното место според безбедноста на патиштата. Нашите магистрали се рехабилираат премногу долго време. И додека да се заврши една отсечка, веќе доаѓа на ред целата магистрала одново да се поправа“, вели Иванов.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

„Добросостојбата на граѓаните е императив и тоа сме го докажале тоа, се во нашата програма …