Ценовска-Серафимовска: ДПМНЕ и БЕСА да ја поништат одлуката за рушење на верското обележје на Шапка

Ценовска-Серафимовска: ДПМНЕ и БЕСА да ја поништат одлуката за рушење на верското обележје на Шапка

Изјава за медиуми на Мелиса Ценовска – Серафимовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ

БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите штетни одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат поделби и тензии меѓу граѓаните, да го загрозат соживотот и меѓусебното разбирање.

Бараме од коалицијата БЕСА – ДПМНЕ во Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верско обележје на Поповска Шапка.

Провокации или неодговорно преземање некакви дејствија може да предизвикаат тензии и поделби меѓу граѓаните со сериозни последици.

На Попова Шапка не станува збор за објект туку за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир.

Подгревање раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните е на директна штета на сите граѓани во Тетово, на соживотот и меѓусебното разбирање и почитување.

Сите политички чинители, пред се коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на општина Тетово треба да покажат одговорност, да покажат дека граѓаните им се поважни од нивните партиски интереси.

Наместо да стојат за сите штетни одлуки на нивниот коалициски партнер, Касами во Тетово.

Тоа важи и вториот човек после Касами во Тетово, Секретарот на општината, Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ги повикуваме на смиреност, да не подлегнуваат на провокациите на БЕСА и ДПМНЕ а институциите на будност и навремена реакција во рамки на надлежностите.

Договореното сценарио на ДПМНЕ и БЕСА во предизборието не смее да успее поради големите последици што може да ги предизвика.

СДСМ заедно со граѓаните, со сите разумни и одговорни политички субјекти ќе направи се да не се дозволи сценаријата на БЕСА и ДПМНЕ во Тетово да успеат.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија …