Четири лица уапсени по мигрантската трагедија кај Софија

Четири лица уапсени по мигрантската трагедија кај Софија

Во западна Бугарија, 18 мигранти очигледно се задушиле сокриени во задниот дел на камион, кој нелегално ги превезувал низ земјата. Полицијата покрена истрага и уапси четворица осомничени.

Бугарската полиција уапси четири лица откако пронајде тела на 18 мигранти од Авганистан, меѓу кои и едно дете, во напуштен камион во близината на Софија, соопштија официјални лица.

Високиот полициски претставник Атанас Илков рече дека на едно од четрите приведени лица веќе му е изречена казна поради трговија со луѓе.

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека камионот превезувал дрвен градежен материјал и во него биле сокриени илегални мигранти. Возилото било пронајдено во близина на селото Локорско на околу 20 километри одалеченост од главниот град.

Началникот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов, за новинарите изјави дека некои од мигрантите се задушиле.

Спред неговите зборови, мигрантиле илегално ја преминале границата со Турција и се криеле два дена во шума пред да влезат во камионот во близина на градот Јамбол на југоистокот на Бугарија.

Полицијата ги блокираше приодите до местото на трагедијата
Полицијата ги блокираше приодите до местото на трагедијата

Министерот за здравство, Асен Меџидиев, наведе дека во софиските болници итно се пренесени 34 мигранти, вклучувајќи и пет деца. Тој додаде и дека во камионот немало доволно кислород.

„Се смрзнале, биле мокри, не јаделе неколку дена“, рече Меџидиев.

Бугарија постави ограда од бодликава жица на надворешната граница на ЕУ кон Турција во 2017 година. Мигрантите често ја минуваат оваа граница илегално за да избегнат да бидат регистрирани на граничните премини во Бугарија, а потоа обично патуваат кон Централна и Западна Европа. За да го направат тоа, тие се принудени да им се препуштат на професионално организирани банди на шверцери со луѓе.

Последниот случај потсетува на оној во 2015 година кога седумдесетина мигранти беа пронајдени мртви во камион на австриски автопат.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …