Делчево: Отворена сензорна соба во ООУ „Св.Климент Охридски“

Делчево: Отворена сензорна соба во ООУ „Св.Климент Охридски“

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ денеска беше пуштена во употреба сензорната соба наменета за учениците од посебните паралелки во училиштето, а опремена со различни реквизити кои нудат стимулација на сите сетила и подобрување на сензорната дисфункција кај децата Отворањето на сензорната соба, како значајна алатка за инклузивно образование и подобрување на сензорните способности кај децата со попреченост, стана реалност со поддршката на донаторите од Делчево кои несебично се вложија, за да ја реализираат идејата на стручниот тим на училиштето и да се создадат услови за инклузивност и работа со децата со попреченост.

На пригодната свеченост покрај донаторите, присуствуваа и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој е и еден од донаторите, како и  дел од стручниот тим на училиштето.

Градоначалникот Трајковски истакна дека отворањето на сензорната соба во ООУ „Св.Климент Охридски“ во Делчево е школски пример како со општествено одговорни граѓани, граѓани свесни дека со нивните донации може да се  помогне во отстранувањето на препреките, да се создаваат услови за инклузивност на учениците со попреченост, да се создаваат услови за еднакви можности и шанси за развој.

Училиште ООУ „Св.Климент Охридски“ години наназад работи во полето на инклузијата и вклучување на деца со потешкотии во воспитно-образовниот процес. Во училиштето покрај редовните паралелки има и посебни паралелки во кои учат деца со пречки во развојот. Од минатата година со процесот на инклузивно образование овие паралелки се трансформираа во Центар за поддршка. Самиот процес на инклузија повлекува безброј барања и потреби кои ќе им го олеснат образовниот процес на децата со потешкотии. Од минатата година со овие деца работат образовни асистенти, а отварањето на сензорната соба претставува чекор кон поинклузивно образование.

Инаку, опремувањето на сензорната соба го помогнаа донаторите од Делчево: Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски; Виктор Коларски – сограѓанин кој живее и работи во Америка; Иван Гоцевски – советник во Советот на Општина Делчево; Јулија Маринкова – сограѓанка која живее и работи во Англија; дел од наставниот кадар во ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево: Коста Цинцовски, Дарко Цинцовски, Даниела Анѓеловска и Весна Иванова.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …