Денеска дожд, утре ќе провејува снег, од среда пад на температурата

Денеска дожд, утре ќе провејува снег, од среда пад на температурата

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1.500 м.н.в врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 4 до 16 степени Целзиусови.

Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Утре ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 60км/ч, што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …