Денеска и за викендот пролетни температури

Денеска и за викендот пролетни температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 14 до 22 Целзиусови степени.

До недела ќе се задржи стабилно и топло време, со натпросечни дневни температури кои ќе предизвикаат топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран, во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во вторник.

Максималната температура во деновите од викендот ќе достигне 20 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …