Нема никакви поместувања во однос на разликите помеѓу власта и опозицијата околу Законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството.
-За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија – рече Дескоска пред почетокот на конференцијата за борба против корупцијата, од хотелот „Мериот“.
Двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори. Следната средба на работните групи е закажана за в петок.
Што се однесува на најавената владина реконструкција и нејзиното можно враќае во Министерството за образование, Десковска изјав:
„Да се вратам во образование нема, не сум Никола Тодоров да ги шетам сите ресори. Мојот пат е одење напред, а не враќање назад. Може да се вратам само на Правниот факултет, а не во образование“,