Џафери ќе ја закаже седницата за разрешување на Јанева пред истекувањето на мандатот

Џафери ќе ја закаже седницата за разрешување на Јанева пред истекувањето на мандатот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември.

Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.

„Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам“, потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура.

Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на Јанева.

„Согласно член 67 став (2) и член 68 став (2) од Деловникот на Собранието, по барање на 20 пратеници господинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева и тоа инсистираме да биде денес, а не како што најави Талат Џафери за два или три дена, туку денес веднаш да биде свикана итна седница, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Kатица Jанева“, рече денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …