банкноти пари плата пензии

ДЗС: Просечната нето-плата во април зголемена на 36.134 денари

Највисока просечна плата во април 2023 година имало во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (90.628 денари)

Просечната нето-плата во април 2023 година во земјава изнесувала 36.134 денари и е зголемена за 14,6 отсто во споредба со истиот месец од лани, информираше денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 отсто), Административни и помошни услужни дејности (21,7 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 отсто).

Највисока просечна плата во април 2023 година имало во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (90.628 денари), додека најниска плата е регистрирана кај вработените лица во секторот Производство на кожа и слични производи од кожа (23.155 денари).

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …