Рамо до рамо со жителите на УЗ Варош и „Гоце Делчев“, денеска во Прилеп беа портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска и членот на Централниот одбор Никица Бачовски.
Говорејќи пред прилепчани, Кузеска нагласи дека политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија произлегуваат од барањата, потребите и предлозите на граѓаните.
„Во изминатиот период, како партија и како Влада покажавме грижа за државата, за македонскиот јазик, за идентитетот. Ние сме таа генерација која треба и мора да ги реши клучните прашања, за утре да имаме што да им кажеме и што да им оставиме на нашите деца и на идните генерации. Да не забораваме дека Македонија и Хрватска во исто време станаа земји кандидатки за членство во ЕУ. Денеска гледаме каде стигна Хрватска, благодарејќи на членството во заедницата на европските народи. Затоа нашата цел е јасна – да изградиме држава која до 2030 година ќе биде рамо до рамо со земјите од ЕУ, сигурна држава со млади луѓе кои ќе имаат просперитет во својата земја“, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Членот на Централниот одбор на СДСМ и воедно директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, рече дека резултатите кои оваа Влада ги постигна во областа на земјоделието, се видливи.
„Денеска во Прилеп, заедно со раководителот на Подрачната единица за земјоделие, на 60 земјоделци им поделивме решенија за финансиска поддршка за набавка на трактори. Истовремено, на предлог на претседателот на вашата Општинска организација, Зоран Пачешкоски, во новата програма ќе бидат предвидени средства за субвенционирање на нафта за тутунопроизводителите, односно таканаречената ‘зелена нафта’. Со тоа потврдуваме дека секторот земјоделие кој опслужува 80.000 корисници, целосно е посветен кон подобрување на условите за работа на земјоделците од целата држава“, потенцираше Бачовски.
На денешните средби со жителите на УЗ Варош и „Гоце Делчев“, присуствуваа и свои обраќања имаа и претседателот и секретарот на ОО на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски и Мики Крстев.