Ескобар

Ескобар: САД се загрижени за корупцијата во Црна Гора

Заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар кој вчера во Подгорица се сретна со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека САД се загрижени за „вкоренетата корупција во Црна Гора“. Според Амбасадата на САД во Црна Гора, Ескобар ја охрабрил Црна Гора да продолжи да игра конструктивна улога во справувањето со регионалните предизвици. Ова беше прва посета на Ескобар на Црна Гора како специјален пратеник за Западен Балкан.

Пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом за ангажманот на американската администрација на Западен Балкан, Ескобар рече дека интензивниот политички процес во Црна Гора резултирал со значителна промена во август минатата година. „Јасно ставивме до знаење дека нашето партнерство со Црна Гора е партнерство со државата, нејзиниот народ и демократските институции, а не со која било политичка партија“, рече Ескобар.

Тој рече дека се подготвени да соработуваат со сите црногорски партнери кои ја делат визијата за суверена, инклузивна, демократска држава која ги спроведува неопходните реформи како аспирант за членство во Европската унија, притоа почитувајќи ги важните обврски како сојузник во НАТО. Целта на САД, според Ескобар, е да ја поддржат успешната интеграција на шесте земји од Западен Балкан во европските институции со цел нивно членство во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …