ФИЛИП РИКЕР ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
sdr

ФИЛИП РИКЕР ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Во посета на Општина Битола денеска престојуваше висока делегација од САД и амбасадата на САД во Република Северна Македонија, предводена од амбасадорот Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. На средбата во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, присуствуваа и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Мари Брнз, специјалниот асистент на амбасадорот Рикер, Лахлин Сопер, како и шефот од политичко-економскиот оддел Шенон Рунион.

Поранешниот амбасадор на САД во нашата земја, Филип Рикер изрази задоволство што повторно има можност да ја посети Битола и да ја претстави новата амбасадорка на САД Кејт Мари Брнз, која за прв пат престојува во официјална посета на Општина Битола.

На средбата со градоначалничката Наташа Петровска, тие разговараа за актуелната состојба во градот и државата, осврнувајќи се на одличната соработка која градот Битола го има со американската амбасада во Република Северна Македонија. Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава, истакна вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

Градоначалничката Петровска ги посочи заложбите за натамошна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола секогаш ја добива од страна на САД, како што е случај и со оваа посета на високата делегација предводена од амбасадорот Рикер.

Филип Рикер од денес е во посета на Република Северна Македонија, а по Битола, во текот на утрешниот ден ќе се сретне со државниот врв и претставниците од политичките партии во земјава.

Прочитајте повеќе

Притисок за да функционира државата

Притисок за да функционира државата

Од стотици регистрирани граѓански или невладини организации, здруженија, фондациии, малку се оние кои  чиј „збор …