Крушево спремно ги дочекува илинденските празници

Крушево спремно ги дочекува илинденските празници

Со чистење и косење на тревата на Мечкин Камен, течат последните подготовки за големиот празник Илинден и манифестацијата Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“.

Претходно, ЈКП „Комуна“ работеше на улиците во градот, а во деновите што следат се очекува да се пристапи кон уредување на магистралните и регионалните патишта кои водат до Крушево.

„Работевме на поголемите улици во градот, на ‘Гумење’ и привршуваме на Мечкин Камен. Во наредните денови очекуваме да се уредуваат магистралните и регионалните патишта, со цел подобар пречек на гостите и државниот врв кој доаѓа во Крушево за големиот празник. Не’ очекуваат многу настани и мораме да бидеме подготвени за дочек на илјадници туристи во месец август“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Во однос на настаните што ова лето се одржуваат, во моментов се одржува меѓународното параглајдинг првенство „Флајмастер опен“, на 26 и 27 јули „Крушево будно“, од 26 до 28 „Меѓународни денови на влашкиот народ“, од 01.08. до 10.08 „Десет дена Крушевска Република“ и од 5 август Светското првенство во параглајдерство.

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …